Хејворд објави дека ќе се пензионира

Кошаркарот, Гордон Хејворд, кој мина 14 сезони во НБА лигата играјќи за екипита на Јута, Бостон, Хјустон и Оклахома, денеска објави дека ја остава играта под обрачите и дека ќе се насочи само кон семејниот живот.

– Тоа беше неверојатно патување и благодарен сум на сите што ми помогнаа да постигнам повеќе отколку што некогаш сум можел да замислам. Сакам да поминувам повеќе време со семејството, напиша 34-годишниот Хејворд на социјалните мрежи. Тој во минатата сезона имаше просек од 5,3 поени, 2,5 скока и 1,6 асистенции по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО