Официјалната продавница на Олимписките игри (ОИ) во Париз привлекува големо внимание кај посетителите, но многумина беа изненадени од високите цени и долгите редици кои се протегаат со километри!
Луѓето чекаат и по неколку часа за да ги купат производите што ги сакаат, но откажувањето не е опција. Сувенирите, кои вклучуваат сè, од основни предмети како маици и капи до ексклузивни колекционерски предмети, се продаваат по цени кои многумина ги опишаа како „астрономски“.
На пример, она што многумина ги збунува е тоа што комплет беџови чини дури 420 евра и тоа не е се’. Цените на другите артикли, како постери, шолји и фигурини, исто така се значително повисоки од очекуваните, па дрес може да чини и 90 евра, а обичен приврзок 15.
Сепак, прашањето „дали цените навистина се оправдани“ само се наметнува? Многумина реагираат и апелираат до организаторите да ја преиспитаат ценовната политика за да им овозможат на повеќе луѓе да уживаат во сувенирите без претерано оптоварување на буџетот.
Високите цени и долгите редици предизвикуваат различни реакции кај посетителите, од воодушевување до разочарување, но едно е сигурно: официјалната продавница на ОИ останува централно место за состаноци и е интересна за многу љубители на спортот и на Игрите.