Јокиќ и Ембид не може да се споредуваат, не се ни близу според квалитетот!

Познатиот НБА коментатор и водител, Колин Каухерд, направи споредба меѓу Никола Јокиќ и Џоел Ембид, кои последниве години беа во најтесна битка за МВП титулата во НБА лигата.

– Минатата година НБА го изгласа Ембид за МВП. Тоа беше глас против Јокиќ бидејќи тој е подобар играч. Ако го гледавте натпреварот САД – Србија ќе видевте дека тие не се ни близу по квалитет.

Стив Кер беше принуден брзо да го извади Ембид од игра. Тој е најпреценетиот, најпроценетиот, пренагласен играч во НБА. Кога Јокиќ и Ембид се на теренот во истовреме, не можат да се споредат, ниту одблиску. Тоа се играчи на сосема различни нивоа, смета Каухерд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО