Македонските јуниори против Ирска на стартот од ЕП во Скопје

Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија (до 18 години) денеска го почнува настапот на Европското првенство (ЕП) од Б дивизијата „Б“ во Скопје. Македонските јуниори на отворањето се среќаваат со селекцијата на Ирска, а селекторот Горан Андреевски вели дека се подготвени за првата победа.

– Одигравме пет пријателски натпревари на кои забележавме само една победа. Но тоа не нė’ обесхрабрува. Игравме три натпревари без Луканоски, два без Јаничиќ, кој заедно со Стојковиќ, Ќириловски, Младеновски и Димитријев се предводници на оваа селекција.

Очекувам ЕП да го „отвориме“ со победа против Ирска. Имаме информации за противникот, имавме и неколку дена да се спремиме за овој премиерен меч во групната фаза. Шанса за влез во четвртфиналето би барале преку победа над БиХ или Украина, вели Андреевски.

Мечот со селекцијата на Ирска е закажан попладнево од 18.30 часот во СРЦ „Кале“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО