Динамо пресилен за Вардар на контролката на Максимир

Динамо го совлада Вадрар во пријателскиот натпревар одигран на Максимир во Загреб, со 3:0, со головите на Сандро Куленовиќ (37), Марко Пјаца (45+1) и на Раул Торенте (85 минута).

Според хрватските медиуми, Вардар се покажал како недораснат ривал на Динамо кој доминирал на овој меч и можел да забележи поубедлива победа.

Фудбалерите на Вардар во првите 45 минути ретко излегувале од својата половина, имале само неколку спорадични напади, без реална опасност за „модрата“ одбрана.

Во второто полувреме, иако со нови 11 играчи, Динамо повторно доминирал, а Вардар ограничен на одбрана, со ретко минување на центарот и со скромни напаѓачки амбиции.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО