Некогашната шампионка од САД опен: Не знам каква е мотивацијата кај Новак сега, но..

Некогашната шампионка на САД опен, Трејси Остин, зборуваше во медиумите за српскиот ас Новак Ѓоковиќ, како и за тоа што очекува од него во следниот период.

Многумина веруваат дека силата на Новак Ѓоковиќ полека се гаси и дека доаѓаат нови момци кои ќе владеат во „белиот спорт“.

– Со 37 години, само тој може да знае колку му е полн резервоарот и уште колку може да освојува титули. Но она што е сигурно е дека досега тој годинава нема титула, тоа е лудост, знам дека играше на седум турнири.

Не можам да ви одговорам на прашањето дали ќе ја врати формата, бидејки можеби сака да посветува повеќе внимание и време на семејството. Можеби едноставно не сака повеќе да форсира, тврди Трејси Остин.

Пред Новак Ѓоковиќ се Олимписки игри од кои тој очекува многу, а токму Париз годинава ќе даде одговор до каде е неговата форма и мотивација и дали може да триумфира на силните турнири.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО