Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, веројатно ќе му даде шанса на младиот, Тоби Колиер, да настапува за првиот тим, велат денешните вести од Англија.
20-годишниот играч од средниот ред е еден од највисоко оценетите во младинската гарнитура на „црвените ѓаволи“ и затоа ќе биде вклучен во сениорскиот тим.
Колиер кој деновиве го продолжи договорот, се појави на двата претсезонски пријателски натпревари против Розенборг (Норвешка) и Ренџерс (Шкотска)