Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Иван Ракитиќ (36), ја прекина соработката со Ал Шабаб од Саудиска Арабија и според наводите во медиумите, негова наредна дестинација ќе биде Хајдук Сплит.
Ракитиќ во јануари си замина од Севилја и продолжи да игра на Блискиот Исток. Тој претходно има играно за Базел, Шалке 04 и за Барселона. За „коцкестите“ одигра 106 меча настапи и постигна 15 гола.