Jапонската полиција уапсила тројца мажи врз основа на пријава за силување. Според неколку јапонски медиуми, еден од нив е 23-годишниот играч од средниот ред, Каишу Сано, кој од пред неполн месец е нов фудбалер на германскиот бундеслигаш Мајнц.
Јапонецот од Мајнц заедно со другите двајца мажи е осомничен дека силувал жена на возраст од 30 години во хотел во Јушима. Тројцата во моментов се во затвор.
– Клубот вчера вечер беше изненаден од извештаите во јапонските медиуми за приведувањето на Каишу Сано. Засега не можеме да ги коментираме овие извештаи поради недостигот од информации. Се обидуваме да ја расчистиме работата што е можно побрзо и адекватно, велат од Мајнц.