Се одржа уште едно европско фудбалско првенство на кое титулата ја освои Шпанија која во финалето беше подобра од Англија (2:1) и ја освои четвртата шампионска титула што е рекорд.
„Црвената фурија“ овој успех го постигна благодарение на младите, 17-годишен Ламин Јамал, како и 22- годишниот Нико Вилијамс, кои доминираа на турнирот.
Освен нив, за најдобар фудбалер на турнирот беше прогласен Родри, за кого, јасно, има место во најдобриот тим на првенството. Освен Родри и споменатите Јамал и Вилијамс, Шпанија меѓу најдобрите 11 ја претставуваат уште Фабијан Руиз, Марк Кукурела и Дани Олмо.
Иако беше поразена во полуфиналето, Франција имаше двајца играчи, Вилијам Салиба и и голманот Мајк Маињан.
Германците и Швајцарците со со по еден играч, добија по еден претставник Џамал Мусаила, односно Мануел Аканџи, а честа на финалистот Англија, ја одбрани бекот Кајл Вокер.
🚨🏅 Euro 2024 Team of the Tournament has been just confirmed by UEFA. pic.twitter.com/PFIBhLoWTD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 16, 2024