Поранешниот Формула 1 (Ф1) возач, Ралф Шумахер објави фотографија на Инстаграм со својот партнер и на тој начин јавно призна дека е геј. Братот на Михаел Шумахер покрај фотографијата напиша: „Најубаво е кога имаш вистински партнер во животот со кој можеш се да споделиш“.
Во коментарите луѓе од германската јавност се огласија и го пофалија Шумахер за храброста што ја покажа со оваа објава. ТВ водителката Кармен Гајс напиша дека и двајцата многу ги сака и откри дека партнерот на поранешната Ф1 ѕвезда се вика Етјен.
– Би сакала да ви кажам нешто за двајца луѓе кои имаат посебни места во мојот живот. Ги познавам и ги сакам бескрајно. Нивното присуство во мојот живот е благослов и нашата врска е посилна од кога било во последните години. Еден од нив има прекрасен син кој многу му значи и е извор на неговата среќа.
Заедно минаа и добро и лошо. Оваа личност денеска откри дека е геј. За него тоа е голем чекор во самоприфаќањето и ослободувањето. Му требаше долго време за да го направи тој храбар потег. Сега може да живее и да сака без страв, напиша Гајс.
Помладиот брат на Михаел Шумахер денеска има 49 години. Возеше во Ф1 од 1997 до 2007 година. Никогаш не ја освои шампионската титула, но имаше респектабилна кариера во која забележа шест победи и 27 подиуми.
Возеше за Џордан, Вилијамс и Тојота. Тој беше во брак со манекенката Кора Бринкман 14 години. Се разведоа во 2015 година.