Хаос, солзи на Меси и шампионски гол на Мартинез – Аргентина ја совлада Колумбија

Репрезентативците на Аргентина станаа шампиони на Копа Америка, откако во финалето утринава ја совладаа селекцијата на Колумбија со 1:0.

Херој на „гаучосите“ беше Лаутаро Мартинез во 112. минута кој постигна шампионски гол.

На тој начин Аргентина ја одбрани титулата и го освои својот трет трофеј во низа, откако претходно беа шампиони во светот во 2022 година.

Аргентина е втората репрезентација во историјата која врзала три последователни победи на големите турнири и им се придружи на Шпанија, која слично нешто оствари од 2008 до 2012 година.

Финалето го одбележа доцнењето од 82 минути, поради големи гужви кои се направиле околу стадионот во Мајами. На стадионот и околу него имаше стампедо од навивачи, а имаше и неколку изолирани инциденти поради кои полицијата имаше полни раце работа.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО