Англискиот репрезентативен голман Арон Рамсдејл е на прагот да се раздели со Арсенал, пишуваат медиумите на Островот.
26-годишниот голман е баран од Саутемптон. Рамсдејл го загуби своето стартно место на голот на „топчиите“ од Давид Раја и „светците“ го сакаат како главен чувар при нивното враќање во Премиер лигата. Цената на Англичанецот е околу 30 милиони фунти, поради што Саутемптон првично ќе се обиде да го земе на позајмица.
Истата сума Арсенал му ја плати на Шефилд Јунајтед во 2021 година кога потпишаа договор со Рамсдејл.