Шпанците ја прекинаа неверојатната серија на Канте

Француската фудбалска репрезентација е елиминирана во полуфиналето на Европското првенство (ЕП), од селекцијата на Шпанија, со 1:2. Но, не само што Французите го прекинаа учеството на турнирот, туку беше прекината и една нереална серија.

Н’Голо Канте, играчот за врска на „триколорите“, до овој меч не знаеше за пораз со репрезентацијата на големите натпреварувања, на дури 20 натпревари!

Со Французите Канте имаше дури 13 победи и седум ремија, но против Шпанците го доживеа првиот пораз досега на големите натпреварувања, со што беше прекината најдолгата серија без пораз на еден фудбалер во европска репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО