Младиот Ламине Јамал постигна прекрасен гол во полуфиналето на Европското првенство (ЕП), во кое Шпанија ја победи Франција со 2:1.
Јамал „заниша“ двајца чувари, а потоа од десната страна, од околу 20-на метри, упати прекрасен удар со левата нога во подалечниот агол и погоди со мала помош на стативата, за израмнување, 1:1.
Ова беше деби гол на Јамал за Шпанија, со што на возраст од само 16 години и 362 дена стана најмладиот стрелец во историјата на ЕП. Тој е и најмладиот фудбалер кој некогаш играл во полуфинале на голем меѓународен турнир.
Со тоа Јамал го собори рекордот на Пеле од Светското првенство (СП) 1958 година во Шведска. Бразилецот имаше 17 години и 244 дена кога настапи во полуфиналето.
Неговиот велемајсторски гол беше копија на оној што им го даде на Францизите минатата година во полуфиналето на ЕП (до 17 години). Тој, тогаш на 15 години и 10 месеци, беше сензација и на тоа ЕП. Постигна четири гола на исто толку натпревари и беше најдобар стрелец на шампионатот што го освои Италија.