Едно од највпечатливите имиња во шпанската фудбалска репрезентација, играчот за врска на Манчестер сити, Родри, во пресрет на денешното полуфинале на Европското првенство (ЕП) самоуверено вели дека Шпанија е подготвена да ја освои титулата.
– Не се плашиме од ништо. Тука сме за да ја освоиме титулата. Знаеме што треба да направиме против било каков противник да играме. Имаме стратегија која функционира. Не знам што би требало да смениме, освен можеби да бидеме поконкретни во нападите.
Франција е, ако не најдобра, тогаш една од двете најдобри репрезентации во светот. Тие ја докажаа својата класа во минатите неколку години. Станува збор за физички многу силен тим. Тие се модел за тоа. Силни се и во контранапад, силни се со топка, изјави Родри.