Белгија се засилува за преостанатите натпревари на ЕП

Томас Муние и се приклучи на репрезентацијата на Белгија во Фрајбург, информираат „црвените ѓаволи“. Тој беше на списокот на играчи, но ја повреди тетивата на неколку дена пред почетокот на Европското првенство (ЕП), на контролкаата со Луксембург.

Муние, 32-годишниот дефанзивец, остана дома, каде што се опоравуваше и ги пропушти првите два натпревара на неговиот тим.

Муние нема да игра и утре против Украина, но селекторот Доменико Тадеско се надева дека ќе може да го користи во нокаут фазата.

На Белгија и е потребен само бод од последниот натпревар во групната фаза за пласман во осминафиналето.„Муние е многу важен за тимот не само како фудбалер, туку и како личнос“, изјави Тедеско.

Муние направи многу жртви за да дојде до ова ЕП. Тој отиде да игра фудбал во Турција специјално за да има поголема минутажа што ја покажува неговата огромна мотивација. Пред да потпише за Трабзонспор минатата зима, тој имаше солидна кариера во Борусија Дортмунд, ПСЖ и во Клуб Бриж.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО