Струга Трум Љум го промовираше Кире Ристевски како најново засилување

Актуелниот фудбалски првак на Македонија, Струга Трим Лум денес го промовираше репрезентативецот Кире Ристевски како најново засилување во летниот преоден рок. Ристевски во минатата сезона настапуваше во Кипар за тимот на Ерникос Ахна, а сега се одлчучил да се врати во Македонија и да потпише двегодишен договор со актуелниот македонски шампион.

Кире Ристевски има одлично фудбалско искуствно зад себе. Дефанзивецот дури 60 пати го носеше дресот на македонската репрезентација, а на клупски план започна во тимот на Пелистер, за потоа играше во Работнички, Елбасан (Албанија), Билиш (Албанија), Тирана (Албанија), Славија Софија (Бугарија), Васаш (Унгарија), Ујпешт (Унгарија), АЕЛ Лимасол (Кипар) и Пјуник (Ерменија).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО