Килијан Мбапе кој ќе го предводи нападот на Франција на тековниот фудбалски шампионат во Германија, вели дека сите во неговата селекција се свесни дека ја имаат улогата на фаворит за освојување на пехарот.
– Без разлика дали сме фаворити или не, тоа нема да го промени нашиот пристап. Ние сме еден од тимовите што може да победи“ – беа зборовите на брзоногиот фудбалер кој во текот на летото го напушти ПСЖ и се пресели во Реал Мадрид.
– Минатото покажа дека не победуваат секога фаворитите. Тоа треба да се докаже на теренот, – изјави големата ѕвезда на „триколорите“.