Англиските медиуми објавија дека фудбалерот на Манчестер сити, Џон Стоунс е под знак прашалник за настап на првиот меч на Англија на ЕП против Србија во недела.
Стоунс го пропуштил вчерашниот тренинг, а од националниот тим објавија дека е болен. Тој бил изолиран во хотелската соба за да се спречи ширење на болеста меѓу неговите соиграчи. Но денеска се чувстувал подобро и се појавил на тренингот.
Стоунс кој беше клучен играч за Англија на последните три големи турнири, во минатите два месеца само еднаш играше цели 90 минути. На мечот Англија – Исланд (0:1) во петокот одигра 45 минути.