Репрезентацијата на Англија синоќа беше неочекувано поразена од селекцијата на Исланд со 1:0, па избраниците на Герет Саутгејт, вклучително со селекторот, беа од „Вембли“ испратени со силни свирежи.
Очигледно е незадоволството од резултатот на оваа контролка пред почетокот на ЕП, па еден од главните виновници навивачите го гледаат во актуелниот селектор.
Селекторот по натпреварот истакна дека јасна и разбирлива е реакцијата на навивачите, кои очекувале да видат поборбена Англија.
– Повеќе од јасно е дека не бевме на потребното ниво за да победиме, постојат некои причини за овој резултат и тоа ни дава всушност можност да се фокусираме на она што следува, бидејки ова се последни минути пред турнирот.
– Ова беше далеку од идеална ноќ за нас, немавме посед, разочаран сум од тој факт. Бевме премногу растегливи по теренот, во тој фактор мора да се поправиме. Ги анализираме пропустите и работиме на нив, ќе работиме од сега па се до првиот натпревар на турнирот. Се надевам дека овој незгоден пораз ќе ги раздрма ѕвездите во тимот, порача Саутгејт.