После спорното освојување на титулата во Србија и доделувањето на пехарот, на пресконференцијата се огласи претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ.
Добро е познато дека тој е на максимално лош глас кај навивачката група „Гробари“, за сите опструкции кои се прават преку федерацијата на штета на Партизан, а сега Човиќ зборуваше за Партизан, па и за Жељко Обрадовиќ.
– Нашиот стручен штаб никого не провоцираше. Ние со Сферопулос против нив имаме серија од 8-0. Ние ништо и никому не украдовме. Тие се одличен клуб со одличен тренер, доколку тој (Жељко) беше наш тренер, Црвена Звезда веројатно ќе освоеше една титула во Евролигата. Тие беа голем клуб, со добар тренер и добар претседател, а потоа им се појави еден Грк, толку е приказната, порача Човиќ.
Првиот човек на „црвено-белите“ јасно алудираше на некоја иронија која се обиде да ја испрати до таборот на Партизан по скандалозниот завршеток на сезоната во Суперлигата.