Атлетико Мадрид ќе го продолжи договорот со напаѓачот Антоан Гризман, објави новинарот Руди Галети на социјалната мрежа Х.
Според неги, клубот и играчот ги разработуваат последните детали во преговорите околу продолжување на договорот кој истекува во јуни 2026 година. Познато е дека за Гризман интересирање покажале клубови од Саудиска Арабија, но фудбалерот јасно ставил до знаење дека сака да мине што повеќе време во мадридскиот клуб, а потоа да се пресели во еден од клубовите кои играат во МЛС, САД.
Сезонава Гризман настапи на 47 натпревари во сите конкуренции за клубот, на кои постигна 24 гола и имаше сум асистенции. Проценетата цена на 33-годишниот играч, според интернет порталот Трансфермаркт, е 25 милиони евра.