Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ, одигра уште еден фантастичен натпревар за Уникс Казањ и за тоа беше награден од публиката.
Димитријевиќ покажа дека знае да биде клучен играч, одигра перфемтен натпревар во полуфиналето од ВТБ лигата.
Нено имаше одличен настап, впуно постигна 31 поен, надополнети со шест скокови и шест асистенции за победата да изнесува 92:87.
Несомнено дека тој беше носителот на играта на Уникс, па во самиот финиш од натпреварот, Димитријевиќ доби голема сатисфакција, цела сала му скандираше МВП, МВП.
Сега во финалето за Уникс Казањ, ги очекува пресметка против ЦСКА Москва.
View this post on Instagram