Изречени казните по инцидентите во Битола: Пелистер помина си парична казна, а Тодор Гечевски со суспензија

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Александар Милојевиќ, ги изрече казните за пропусти во организацијата на третиот натпревар од полуфиналната серија на плеј-офот меѓу Пелистер и Работнички.

Екипата на Пелистер која беше домакин на оваа средба ќе треба да плати 84.000 денари по разни основи, а комесарот за безбедност на Пелистер, во следните шест месеци нема да може да извршува никаква функција во кошаркарскиот спорт, заради притисок врз официјалните лица. Марјан Илиевски доби суспензија од еден натпревар.

Директорот на Работнички, Тодор Гечевски беше иницијатор на инцидент и плукање во четвртата четвртина и заработи исклучување. Токму поради тоа Гечевски заработи суспензија од два натпревари. Четвртиот натпревар од полуфиналната серија се игра во Битола в среда од 18:30 часот. Пелистер во моментов, по три одиграни средби има предност од 2:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО