Eден од најголемите светски фудбалски сајтови, „Гол“ (Goal), направи листа од 20 кандидати за наградата „Златна топка“ за 2024 година.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, е ставен на првото место пред неговиот тимски колега, Џуд Белингем. На третото е Килијан Мбапе кој на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ.
Во Топ 10 влегуваат и Фил Фоден (Манчестер сити); Флоријан Вирц (Баер Леверкузен); Хари Кејн (Баерн Минхен); Тони Крос (Реал Мадрид); Ерлинг Халанд (Манчестер сити); Родри (Манчестер сити) и Букајо Сака (Арсенал).