Францускиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе купи куќа во Мадрид, објавија шпанските медиуми. Според истите, 25-годишниот Французин има намера да ја купи палатата во која претходно живеел поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Детали за потенцијалниот договор не се откриени. Да потсетиме, шпанскиот дефанзивец ги бранеше боите на Кралскиот клуб од 2005 до 2021 година, по што се пресели во ПСЖ каде играше заедно со Мбапе. Во моментов 38-годишниот Рамос настапува за шпанска Севиља. Да напоменеме дека претходно беше објавено дека Килијан веќе потпишал договор со Реал до 2029 година.
Беше објавено дека напаѓачот им кажал на своите соиграчи и стручниот штаб на ПСЖ дека ќе го напушти клубот на крајот од тековната сезона. За возврат, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го известил стручниот штаб на Карло Анчелоти дека Мбапе ќе стане нов играч на Реал Мадрид. Оваа сезона Мбапе одигра 45 натпревари за парижаните во сите натпреварувања, на кои постигна 43 гола и направи 10 асистенции. Проценетата цена на фудбалерот е 180 милиони евра.