Трансферот на Верстапен во Мерцедес ќе чини 150 милиони евра!

Според некои шпекулации во медиумите специјализирани за настаните во Формула 1 (Ф1), Мерцедес подготвува астрономска понуда за трансфер на светскиот шампион, Макс Верстапен од Ред Бул.

Шпекулациите велат дека разговорите меѓу двата табора се планирани за време на Големата награда (ГН) на Мајами, САД. Верстапен би можел да си замине од Ред Бул, но само доколку добие неверојатен договор.

Се верува дека Мерцедес се обидува да го ангажира холандскиот возач како замена за Луис Хамилтон, кој следната сезона оди во Ферари. Не е спорно дека Тото Волф во последните неколку недели интензивно работи на мисија наречена Верстапен.

Доколку се точни информациите кои се појавија денеска, Мерцедес ќе му понуди на трикратниот шампион во Ф1 договор вреден 150 милиони евра годишно, вклучувајќи и бонуси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО