Ларкин ја одбил понудата на Фенер – останува во Ефес

Кошаркарот на Ефес, Шејн Ларкин нема да го менува клубот ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Како што пишува Енцестандо, Ларкин ќе остане во клубот од Истанбул иако договорот со турскиот гигант му истекува на крајот на јуни.

Се додава дека ја прифатил понудата од Ефес и дека ќе биде нивни играч во следните три сезони, иако наводно имал подобра понуда од Фенербахче, градскиот ривал.

 

Фенербахче му понуди 11,5 милиони евра нето за три сезони, а понудата на Ефес е околу 10,5 милиони исто така за истиот период, но Ларкин реши да остане и да го поддржи новиот проект кој ќе има нов тренер и неколку нови играчи кои ќе дојдат ова лето.

Искусниот плејмејкер е во тимот на Ефес од 2018 година и беше дел од тимот кој освои две Евролиги во 2021 и 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО