Марк Маркез се врати на пол-позицијата и ќе тргне прв на трката за Големата награда на Шпанија.
Возачот на Гресини успеа да извози мајсторски круг и со време од 1:46,773 го зазеде првото место на пиедесталот. Шпанецот успеа да ја победи конкуренцијата и заработи прва стартна позиција за домашната трка во Херез.
На втората позиција се пласира возачот на ВР46, Марко Бецеки кој беше за 0,271 побавен од Маркез. На третото место се пласира Хорхе Мартин, па следат Биндер, Ди Џанантонио, Алекс Маркез, Бањаја, Морбидели, Бастианини и Акоста во топ десет.