Анчелоти не сака да ги коментира изјавите на Чави: Секој има  право на свое мислење

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по победата над Барселона од 3:2 во „Ел класико“ призна дека неговиот тим е на чекор до титулата во Ла лига. Сепак, Италијанецот ги повика своите играчи да не се опуштаат и покрај солидната предност. Реал е лидер со 81 бод, а Барса заостанува 11 бода.

– Ова дефинитивно е многу важен чекор за нас. Имаме голема предност, но не можеме да престанеме да играме. Треба да освоиме што повеќе бодови и да се подготвиме за полуфиналето во Лигата на шампиони, изјави Анчелоти.

Во вториот дел Барса беше блиску до постигнување гол преку Јамал. Младиот играч ја врати топката пред голот, Лунин интервенираше, но изгледаше и дека топката е зад гол-линијата. По прегледот на ситуацијата со ВАР-от, голот не беше признат, а по натпреварот Чави се жалеше дека неговиот тим е оштетен.

– Не сакам да зборувам за тоа што мисли и говори Чави. Секој има право на свое мислење. Повеќе сакам да зборувам за натпреварот. Во него имаше убави моменти за двете екипи, На крајот успеавме да победиме со последната капка енергија. Сметам дека тоа не беше гол, нема чиста слика, јасна ситуација, и доказ, изјави Анчелоти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО