Тоби го губи местото – пристигнува уште еден Американец

Центарот на Макаби, Џош Нибо би можел како натурализиран играч во иднина да ги брани боите на Словенија.

Досега таа улога ја имаше Мајк Тоби, кошаркарот на Црвена звезда, но според „Баскет њуз“ Нибо треба да игра за „змајчеки“ во квалификациите за Олимписките игри.

Нибо, кој е роден во Хјустон, има и пасош од Нигерија, чија федерација има големи финансиски проблеми поради кои не учествуваше ниту во квалификациите за Афробаскет 2025 година.

На последниот Мундобаскет натурализиран играч на Словенија беше Тоби, кој играше и во квалификациите за Евробаскетот 2022 и квалификациите за СП 2023 година.

Покрај него боите на Словенија ги бранеше уште еден Американец Џордан Морган.

Инаку, Словенија од 2 до 7 јули ќе игра на квалификацискиот турнир во Грција, а противници се Грција, Доминиканската Република, Хрватска, Нов Зеланд и Египет.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО