Македонската фудбалска репрезентација е на 69-та позиција на најновата ФИФА ранг-листа што е пад за едно место во споредба со минатиот месец.
Македонија по ремито со Молдавија и поразот од Црна Гора, минатиот месец во Анталија, загуби 7,98 поени и сега има 1.354,19 поени и е 69-та. Веднаш зад Македонија е Црна Гора која нè победи во Анталија.
На врвот немаше промени. Светскиот првак Аргентина и натаму е најдобро рангирана селекција, пред Франција, додека третото место сега го презедоа Белгијците, кои ја минаа Англија, која е на четврта.