Фенербахче нема да ја напушти турската Суперлига

На клупското Собрание на Фенербахче, членовите гласаа против предлогот за повлекување од турската Суперлига.

Во март, 19-кратниот шампион на Турција објави дека размислува за повлекување од Суперлигата откако нивните играчи беа нападнати од навивачите на Трабзонспор. Фенербахче го доби тој натпревар со 3:2, а потоа навивачите на Трабзонспор влегоа на теренот и ги нападнаа противничките играчите и редарите.

– На сите наши состаноци, најнеприфатлива опција беше да се повлечеме од Суперлигата. Причината поради која оваа опција не е посакувана е тоа што луѓето мислат дека во пониската лига ќе треба да се справуваме со истите работи со кои се занимаваме овде. Оваа опција ја тргнуваме од дневен ред, до генералното Собрание на крајот од сезоната, рече претседателот Али Коч.

Турската фудбалска федерација ги нарече настаните „неприфатливи“ и во соопштението рече дека „ќе бидат превземени неопходни кривични санкции за одговорните за инцидентите“.

Фенербахче е втор во Суперлигата по 30 натпревари, два бода помалку од водечкиот Галатасарај, и вечерва ја пречекува Адана Демирспор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО