Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ја коментираше играта и победата на неговата екипа над Лацио (2:0) во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија.
– Беше важно да се вратиме на победничкиот пат, иако Купот на Италија не е Серија А. Првото полувреме се покажа избалансирано, во вториот дел почнавме да играме побрзо и постигнавме два гола против силниот Лацио. Но, борбата се’ уште не е завршена, треба да одиграме добро и во реваншот.
На паузата им реков на играчите да тргнат кон противничкиот гол, ова е вистина. Кога велам дека фудбалот е едноставен спорт, навистина мислам така. Реков да трчаат кон голот на Лацио, а потоа ќе смислиме нешто, изјави Алегри по натпреварот.
Реваншот ќе се одигра на 23 април. Во второто полуфинале играат Аталанта и Фиорентина.