АТП листа: Ѓоковиќ и натаму прв, Синер го смени Алкараз на втората позиција

По завршувањето на Мастерс турнирот во Мајами, АТП денеска ја објави најновата ранг листа на која има промена што се должи на победата на италијанскиот тенисер, Јаник Синер во Мајами.

Лидер и натаму е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Но Италијанецот Јаник Синер, по триумфот во Мајами, за прв пат во кариерата се искачи на второто место, пред Шпанецот Карлос Алкараз.

АТП ранг листа од 1 април: 1. Новак Ѓоковиќ (Србија), 9.725 поени. 2 (3). Јаник Синер (Италија), 8.710, 3 (2). Карлос Алкараз (Шпанија), 8.645,4 4. Даниил Медведев (Русија), 7,165,5. 5. Александар Зверев (Германија), 5.415,6, 6. Андреј Рубљев (Русија), 4.890. 7. Холгер Руне (Данска), 3.795. 8. Каспер Руд (Норвешка), 3.615,9. 9.(12). Григор Димитров (Бугарија), 3.540. 10(9). Хуберт Хуркач (Полска), 3.425 поени.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО