Премиер лигата воведува нови правилa за децата-собирачи на топки

Англиската Премиер лига од викендов ќе воведе ново правило кое ќе се однесува на децата-собирачи на топки (момчиња и девојчиња), пишуваат англиските медиуми.

Тие повеќе не ќе смеат да им дофрлаат топки на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места покрај теренот. Оваа измена е воведена за да немаат домашните екипи неправедна предност!

Сега топките ќе бидат распоредени на одредени места на двете страни на теренот и зад головите, плус една во игра, или вкупно 11 топки на натпревар.

Последниве години тренерите/менаџерите почнаа да им придаваат се’ поголемо значење на собирачите на топки, па дури отидоа дотаму што им даваа инструкции како да ја вршат работата.

Акцентот најчесто се ставаше на побрзото фрлање на топката кон играчите (домашни) за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Но и собирачите на топки знаеја, и тоа како, да учествуваат во „купувањето“ време за да се сочува резултатот.

Со воведување на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде рамноправни услови за игра, за домашните и за гостинските тимови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО