Кејн ќе биде спремен за „Дер класикер“

Тренерот на Баерн Mинхен, Томас Тухел, потврди дека центарфорот, Хари Кејн ќе настапи на утрешниот дерби натпревар против Борусија Дортмундла, „Дер класикер“ во Бундеслигата. „Хари тренираше со тимот вчера. Се’ е во ред, тој ќе игра“, изјави тренерот на Баварците.

Тухел потврди и дека четворица играчи на Баерн ќе го пропуштат тој натпревар. Тоа се голманот Мануел Ноер, Александар Павловиќ, Рафаел Гереро и Саша Бои.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО