Русинката Екатерина Александрова направи големо изненадување на Мастерс турнирот во Мајами совладувајќи ја Ига Швјатек од Полска со 6:4, 6:2 и се пласира во четвртфиналето. За неа тоа беше прва победа над светската тенисерка број 1 во кариерата.
До мечот и поразот од Александрова (29), која е 16-та на ВТА листата, Швјатек ги доби 15-те натпревари по ред против „топ 20“ светски тенисерки.
– Досега игравме неколкупати, понекогаш и три сета. Мислам дека бев блиску да победам, но сепак далеку. Не сум сигурна дали ова е изненадување или не. Едноставно тренирав напорно и тоа се исплатеше. Второто четвртфинале е тука, втора година по ред. Да се победи Ига по толку многу обиди е нешто посебно за мене, пресреќна сум, изјави руската тенисерка.
Smack that 🚀
Ekaterina Alexandrova up a set AND a break on Swiatek!#MiamiOpen pic.twitter.com/7k3jZEGbn2
— wta (@WTA) March 26, 2024