Шарл Леклер тврди дека неговата екипа најмногу напредувала во однос на останатите екипи на гридот последните неколку месеци.
Италијанската екипа во сезоната 2023, заврши на третото место во првенството на конструктори, а втората позиција им побегна во последните неколку метри од последната трка во Абу Даби.
Момците од Маранело и немаа баш добра сезона, но еве Леклер смета дека сега многу напредувале и дека имаат најдобри резултати изминатиот период.
– Последните неколку месеци ние како тим напредувавме најмногу пред останатите, одевме чекор по чекор и дојдовме до овде. Но така мора да продолжиме за да напредуваме, јасно ни е на кои работи мора да работиме.
– Сигурен сум дека нашиот момент ќе дојде. Не знам што има Ред Бул скриено во џебовите во смисла на подобрувања, но тоа ќе се дефинира во понатамошниот дел од сезоната, порача Леклер.