Прославениот белоруски хокејар, тренер и момче на втората тенисерка на планетата, Арина Сабаленка, Константин Колтсов, е пронајден мртов во станот во Мајами.
Тажните вести ги објавија од неговиот клуб Салават Јулајев, во кој Константин остави неизбришлива трага изминатиот период.
Воопшто не е позната причината за смртта на 42 годишниот Константин, па се очекува белоруските власти и медиуми да ја откријат причината наскоро.
– Со голема тага ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулајев, Константин Колтсов. Тој беше силна и весела личност, сите го сакаа и почитуваа, Колтсов го освои првенството на Русија и Купот на Гагарин и одлично си ја вршеше работата со стручниот штаб. Сите во клубот изразуваат сочуство на семејството и пријателите, порачаа од белорускиот клуб на Телеграм.