Нико Ковач доби отказ

Нико Ковач повеќе не е тренер на Волфсбург, објави германскиот бундеслигаш на својата официјална веб-страница.

На поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација му пресуди катастрофална серија, тој беше без победа од средината на декември кога го совлада Дармштад, со голот на хрватскиот репрезентативец Ловрo Мајер.

Во следните 11 натпревари забележа пет порази, но капката што ја прели чашата беше вчерашниот пораз од Аугсбург (1:2). \

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО