Сезоната во Мото ГП официјално започна со спринт трка во Катар. Хорхе Мартин ја одбрани пол-позицијата и триумфираше, освои 12 поени, додека Педро Акоста ги запиша првите поени во Мото ГП.
Хорхе Мартин стартуваше од пол-позицијата и го задржа првото место по првиот свиок, Бред Биндер имаше одличен старт и изби на второто место додека Енеа Бастианини мина трет низ првиот свиок. Алес Еспаргаро брзо го престигна возачот на Дукати, а актуелниот светски шампион Франческо Багнаја го престигна својот тимски колега.
Во четвртиот круг се случи првиот индидент. Фабио Ди Џанантонио од ВР46 незгодно падна од мотоциклот кој потоа го прегази, за среќа, без поголеми повреди, бидејќи останатите возачи успеаја да го избегнат. Мартин и Биндер се бореа за првото место, а Шпанецот изгради половина секунда предност на шест круга до крајот.
Мартин сигурно ја држеше првата позиција, Биндер втората, додека на третата се менуваа Бањаја и Алеиш Еспаргаро, кој претходно успеа да се ослободи од Марк Маркез, кој дебитираше на Гресини.
Хорхе Мартин на крајот ја забележа својата прва спринтерска победа во новата сезона и освои 12 поени, Бред Биндер на КТМ беше втор, со девет поени, додека Алеиш Еспаргаро заврши трет и освои седум поени.
Останатите возачи кои освоија бодови се: Франческо Бања, Марк Маркез, Енеа Бастианини, Алекс Маркез на Гресини, Петро Акоста, дебитант во Мото ГП и Маверик Вињалес на Априлија.
Трката за Големата награда на Катар на програмата утре од 18.00 часот