Пари Сен Жермен најде замена за Килијан Мбапе, кој ќе си замине ова лето. Францускиот напаѓач кариерата ќе ја продолжи надвор од Париз откако е јасно дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ, а огромен интерес за светскиот шампион од 2018 година има од Реал Мадрид.
Затоа парижаните се во процес на потрага по негова замена, а „L’Equipe“ пишува дека Луис Енрике ги известил газдите на клубот дека треба да биде доведен Букајо Сака од Арсенал.
Арсенал не сака да се раздели со својата ѕвезда, но францускиот гигант подготвува огромна понуда која ќе ги натера шефовите на „топчиите“ двапати да размислат. Според информациите од Франција, ПСЖ ќе понуди околу 140 милиони евра за англискиот интернационалец да пристигне на „Паркот на принцовите“. Договорот на Сака со Арсенал е до летото 2027 година, што го става лондонскиот тим во поволна позиција за потенцијални преговори.