Ред Бул ја суспендира жената што го обвини Хорнер!

Формула 1 (Ф1) тимот на Ред Бул ја суспендирана жената која го обвини директорот Кристијан Хорнер за непристојно однесување. Од Ред Бул соопштија и дека „подносителката на обвиненијата има право на жалба“.

Против 50-годишникот беа упатени наводи за непримерно и контролирано однесување, што тој ги негираше. По внатрешна истрага, бордот на Ред Бул минатата недела ги отфрли обвинувањата.

– Компанијата не сака да коментира за оваа внатрешна работа, рече портпаролот на Ред Бул.

Еден ден откако Ред Бул ги отфрли обвинувањата, се појави анонимна е-пошта со пораки во кои наводно е вклучен Хорнер кој на минатонеделната трка за Големата награда (ГН) на Бахреин одби да каже било што за пораките што протекоа.

Ред Бул одби да го објави името на адвокатот вклучен во независната истрага или да даде дополнителни детали за извештајот што е составен или како ја донеле одлуката.

Хорнер е директор на Ред Бул откако се појави во Формула 1 (Ф1) во 2005 година. Во минатите 20-на години тимот освои седум шампионски титули за возачи и шест за конструктори.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО