Куп на Македонија во ракомет: Познат составот на четирите групи

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска се одржа ждрепката за натпреварите по групи во машка конкуренција за 32-от Куп на Македонија.

Екипите, вкупно 16, поделени се во четири групи, а носители се четирите најдобри според пласманот во сезоната 2022/23. Тоа се Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш.

Најдобрите четири екипи од секоја група ќе обезбедат пласман на завршниот фајнал-фор турнир. Трофејот освоен лани ќе го брани Вардар.

Група 1: Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Мулти Есенс, Тиквеш
Група 2: Бутел, Алкалоид, Вардар Неготино, Струга
Група 3: Пролет, Радовиш, Вардар, Голден Арт
Група 4: Еурофарм Пелистер, Скопје, Охрид, Куманово

Натпреварите ќе се играат на 22 и на 23 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО