Тинејџерот Тел ќе го продолжи договорот со Баерн

Баерн Минхен ќе го продолжи договорот со младиот напаѓач Матис Тел. Баварците пред 18 месеци за услугите на Тел на Рен му платија 28.500.000 евра.

Новиот спортски директор на Баерн, Макс Еберл, пред еден месец стапи на функцијата и веднаш се откажа од идеата Тел да биде испратен на позајмица. Напаѓачот ќе добие плус уште два години на актуелниот договор, ќе се обврзе да остане во Минјен до јуни 2029 година.

-Матис Тел е еден од талентите во кои имаме доверба. Сакаме тој да се развива во Баерн“, изјави Еберл. Официјално Тел досега има одиграно 59 натпревари за Баерн, со улинок од 13 голови и четири асистенции. Тој на теренот минал 1.462 што значи дека постигнува гол на секои 86 минути.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО