Лапорта сака Чави да остане на клупата на Барса!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека сака Чави да остане на клупата на неговата екипа. Претходно, тренерот на Барселона најави дека ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната.

Според „Диарио Спорт“, Лапорта „неформално, но искрено и решително“ му рекол на Чави дека би сакал да го види на чело на тимот и следната сезона.

Раководството на Барса е презадоволно од работата на 44-годишниот стручњак и знаат дека играчите му се лојални. Тие сметаат дека Чави добро го познава тимот и оти е свесен за економските тешкотии на клубот.

Исто така се потенцира дека некои од тренерите кои Барселона ги сметаше како замена за Чави ги одбиле Каталонците. Договорот на Чави со Барселона е до 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО