Казната на Евертон од 10 намалена на шест бода

Казната на Евертон за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата, по жалбата, е намалена од 10 на шест бода.

На Евертон лани во ноември му беа одземени 10 бода поради прекршување на правилата за профит и одржливост во тригодишниот период, до 2021/22-та година.

Казната, најголема во историјата на Премиер лигата, го спушти Евертон од 14-та на 19-та позиција на табелата. По намалувањето од 17-то се искачи на 15-то место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО