Челси ќе се откаже од Санчез, доколку може да го купи голманот на Арсенал

Челси веќе размислува за продажба на голманот Роберт Санчез. Неговото отсуство поради повреда значи дека неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“ сега е неизвесна.

Исто така медиумите во Англија тврдат дека „сините“ веќе го гледаат голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл, како потенцијална замена за Шпанецот.

Санчез, кој не играше од средината на декември поради повреда на коленото, го чинеше Чели 28,7 милиони евра кога беше донесен од Брајтон.

Тој ја започна сезоната како број 1 во изборот на Маурисио Покетино, забележа 19 настапи во сите натпреварувања, прими 26 гола, а притоа имаше пет „чисти мрежи“.

Сепак, неговото отсуство поради повреда му ја отвори вратата на надежниот Ѓорѓе Петровиќ и нејасно е дали Шпанецот ќе добие уште една шанса да се врати на голот.

Поради оваа причина, Челси е подготвен да заработи од Санчез доколку за него пристигне вистинската понуда по крајот на сезоната. Неговиот договор со лондончани е до 2030 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО